Македонија
18. February 2019 - 11:39

Велешанец со „ауди“ прегази 11-годишно девојче

Вчера околу 13.50 часот на улица „Алексо Демниевски“ во Велес, патничко возило „Ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.К.(33) од Велес, удрило во 11-годишно девојче од Велес.

Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во општата болница Велес.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.