Македонија
1. February 2019 - 15:33

Велешанец паднал во рацете на полцијата - кај него пронајдена дрога

Полицијата изврши претрес кај 30-годишен велешанец и кај него била пронајдена дрога. Како што информираат од полицијата, СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Р.(30) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

На 18.10.2018 година во Велес, во наслеба „Тунел”, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и пронашле и одзеле хероин.