-->
-->
Велешанец ограбил автомобил, но само 10 минути по кражбата го фатила полицијата
-->
Полициски службеници од СВР Велес вчера, по само 10 минути од извршување на „тешка кражба“, го лишиле од слобода осомничениот сторител на кривичното дело, А.Л. од Велес.
– Вчера попладне во 17 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода 33-годишниот А.Л. од Велес. Тој се сомничи дека вчера околу 16.50 часот извршил „тешка кражба“ од патничко моторно возило „Тојота Корола“, со велешки регистарски ознаки, информира Ристо Самарџиев од СВР Велес.
Тој дополнува дека осомничениот бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата