Македонија
9. September 2016 - 13:37

Велешанец го пронашол мртов својот вујко, наредена обдукција

Вчера  околу 20.00 часот во  ПС Велес телефонски се јавил Р.С. (40) и пријавил дека во куќа на ул. „Јордан Џурнов“ , сопственост на неговата тетка Р.С. (66), го пронашол починат неговиот вујко Џ.И. (62) од Велес.

На местото на настанот  увид вршеле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

По барање на Јавниот обвинител увидот во 23.10 часот бил прекинат и ќе продолжи денес на 09.09.2016 година.

Телото на починатиот е предадено за обдукција.