Македонија
16. October 2019 - 9:08

Велес со низа мерки ќе го подобрува квалитетот на амбиенталнот воздух во градот

Обезбедување на здрава и чиста животна средина  на сите жители е приоритет на Општина Велес, е првиот заклучок од вкупно седум  донесени по подолга расправа во продолжението на 42 та седница на Советот на Општина Велес, информира  претседателот  на Советот, Ненад Коциќ.

-Советот и наложи на Општина Велес, во рок од еден  месец, да распише меѓународен тендер за набавка на мониторинг-станици за мерење на квалитетот на амбиенталниот  воздух на пет локации во градот, со цел транспарентно да се следи состојбата со можното загадување на воздухот од индустријата, домаќинствата или сообраќајот, вели Коциќ.

Во моментов во градот функционира само една мерна станица за амбиентален воздух и таа често не мери поедини параметри,како на пример опасните по здравјето  ПМ 10 честичките. Втората мерна станица која беше лоцирана  во близина на  велешка Топилница пред неколку години МЖСПП ја исели надвор од Велес а  на друга локација во државава.

Како што информира Коциќ, Општина Велес ја поддржува работата на сите индустриски објекти, со барање да се почитуваат позитивните законски прописи и ограничување на емисиите во рамките на МДК – максимално дозволените концентрации.

Во однос на пријави на загрижени граѓани, Советот го задолжил Одделението за заштита на животната средина во општината да ги превземе сите законски мерки за контрола на работата на индустриските субјекти во градот кои се со Б-интегрирана дозвола. Доколку се констатирани неправилности, Инспекторот да поднесе соодветна пријава до надлежните судски органи.