Велес: Приведен 42 годишен маж, пронајдена дрога и одземени предмети
Велешанец бил лишен од слобода во текот на вчерашниот ден, поради тоа што кај него биле пронајдени дрога и одземени предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– На улицата „Петре Прличко“ вчера во 11.30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д. на возраст од 42 години. Тој се сомничи дека во периодот од 1 до 3 август со употреба на сила и подесен алат, влегол во продажен објект на улицата „8 Септември“ во Велес и одзел пари и други предмети. При преглед, кај него било пронајдено одземеното и било вратено на сопственикот. Исто така, кај него биле пронајдени и повеќе пакувања марихуана и кафеава прашкаста материја, појаснуваат од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Лејди Гага и Мајкл Полански планираат „скромна“ свадба
-
Прилеп - Градско и Ранковце - Крива Паланка готови до Нова година
-
Николоски: Поголемиот дел од автопатот Охрид - Кичево во функција до лето
-
Таравари: Утре првични информации за починатата родилка во Куманово
-
Болница Плодност: Со неверување ја примивме веста за прерано загинатите колеги, сочувство до семејствата
-
Ќе се испитуваат крв и урина од возачот на камионот
-
Снег во Словенија
-
Претреси во Кичево, пронајдена дрога