-->
-->
Веќе праќале покани: Славниот актер се спремал за свадба а замина во смрт
-->
Холивудскиот актер Лук Пери, кој сите го паметат по улогата во серијата „Беверли Хилс“, почина неодамна во 53. година од животот, по мозочен удар, а зад себе остави ќерка и син кој ги доби од бракот со поранешната жена Рејчел Шарп.
Пери имал и вереница Венди Медисон Бауер, со која бил во врска 11 години.
Како што пишуваат странските медиуми, Лук и Венди планирале да се венчаат во Лос Анџелес и дека по повод свадбата веќе почнале да испраќаат покани до своите семејства и пријатели.
- Сакам да изразам благодарност на сите кои ми пружија љубов и поддршка. Неброените приказни за дарежливоста и добрината на Лук ми беа голема утеха во овој тежок момент. Изминатите 11 ипол години со Лук беа најсреќните во мојот живот и јас сум благодарна што го имав тоа време поминато со него. Исто така, сакам да им се заблагодарам на неговите деца, семејството и пријателите на љубовта и поддршката. Најдовме утеха едни во други и во знањењето дека нашите животи беа исполнети со неверојатен човек. Многу ќе ни недостасува, гласеше пораката на вереницата на Пери која е објавена во медиумите по неговата смрт.
Во тестаментот е откриено дека Лук одлучил се што стекнал во животот да им го остави на своите наследници, синот и ќерката, додека вереницата остана со празни раце.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто