Македонија
23. January 2019 - 12:51

Вее снег низ Македонија - еве каде

Намалена видливост до 50 метри поради магла има на Попова Шапка, а на Стража видливоста е од 50 до 100 метри. Слаб снег паѓа на Попова Шапка, како и на планинските превои Буково и Ѓавато.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека на останатите патишта низ државата, сообраќајот се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата има остатоци на кашест снег на коловозот.

На патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, до селото Франгово има оштетувања на коловозот поради што брзината на движење на возилата е ограничена на 40 км/h.