Вее снег низ Македонија - АМСМ препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози во западниот дел од државата, на некои повисоки места со остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.
Како што соопшти АМСМ, врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка, во Дебар, Прилеп и на планинските премини Стража, Буково и Плетвар, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Претходно, од 17:10 часот поради интензивни врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари