Македонија
1. January 2019 - 16:25

Ведран е првото бебе кое пристигна на скопска гинекологија една минута по полноќ

Ведран е првото бебе во 2019 и првороденче на мајката Александра Ангеловска. На свет дојде една минута после полноќ во Клиниката за гинекологија. На Александра и се исполниле надежите да биде породена веднаш по Нова Година.

-Се чувствувам прекрасно, би сакала сите да добијат ваков подарок како мене, вели Александра Ангеловска

Да биде здрав и жив му посака првиот човек во здравството Венко Филипче.

 -Го посетивме првото родено бебе оваа година, многу здравје и секако редовно да биде вакциниран, изјави Венко Филипче, министер за здравство

Честитики за здравје и среќно детство на Ведран му посакаа и министерката за труд и социјала како и скопскиот градоначалник, кој традиционално му подари книшка со 20 000 денари..

-Да биде здрав и жив и да има среќно и безгрижно детство, изјави Мила Царовска, министерка за труд и социјала

-Традиционално го посетивме првото бебе на кое му посакавме многу здравје и среќа, изјави Петре Шилегов, градоначалник на Скопје.

Покрај Ведран, за време на новогодишната ноќ на Гинекологија биле родени уште 6 бебиња од кои сдамо едно е женско.

-Имавме седум породувања, едно и покомплицирано. Оваа година на ГАК имавме 4630 родени бебиња, изјави др. Игор Самарџиски, гинеколог на Клиника за Гинекологија.

Прво па машко има во Охрид и Куманово а таква е сликата и во битолската болница каде за новогодишната ноќ породиле три бебиња и сите се машки. Плодна и бериќетна година ќе има во Прилеп  каде Ива е првото новороденче која се родила 5 минути по полноќ.

Во дел од родилиштата во внатрешноста како и на скопска гинекологија бележат намалување на бројот на породувања во споредба со минатата година.