Свет
9. September 2016 - 10:26

„Ведомости“: Русија планира од следната година да ги намали воените трошоци за шест отсто

Руското Министерство за финансии предлага намалување на воените трошоци за шест отсто во однос на оваа година.

Според насоките на Министерството, испратени до сите министерства и буџетски институции, тие треба да се сместат во планираниот износ на замрзнати трошоци за периодот 2017-2019 година, кој изнесува 15,787 билиони рубљи, пишува весникот „Ведомости“, кој се повикува на тројца службеници од федералната Влада.

Во следните три фискални години за одбраната ќе се трошат шест отсто помалку средства, отколку оваа година.

Еден процент од заштедените пари ќе бидат распределни за други програми. 

Планирано е намалување на трошоците на сите министерства, но социјалната помош нема да биде намалена.