„Ведер“: Во Северна Европа следуваат пониски, во Јужна повисоки температури
Жителите на северните подрачја на Европа треба да се подготват за температури пониски од вообичаено во периодот од декември до февруари, додека во јужните ќе имаат потопло време, но проследено со силни ветрови и дожд, соопшти метеорологот од метеоролошката компанија „Ведер“.
– Ноември беше продолжување на топлите месеци во Европа, но во последните десет дена од месецот треба да дојде до значително заладување, посебно на поширокото североисточно подрачје на Европа, изјави главниот метеоролог во таа компанија Тод Крафорд.
Според прогнозите на „Ведер“, во текот на декември во делови на Северна и делови на Западна Европа може да се очекува потопло време, но во јануари и февруари температурите ќе бидат пониски од вообичаено за тој период на годината.
На југот на Европа во следните три месеци можат главно да се очекуваат температури повисоки од вообичаено, освен во декември, каде во западниот дел на тој регион на Европа ќе има температури пониски од вообичаено
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри