Кошарка
6. December 2017 - 14:41

Вечното кошаркарско дерби, МЗТ – Работнички, попладнево со хуманитарен карактер

 
 
Осмото коло во машката сениорска конкуренција од домашното првенство го носи вечното градско дерби меѓу двете најтрофејни екипи – Работнички, клуб кој се уште го носи епитетот најтрофеен и МЗТ Скопје Аеродром кој доминира шест сезони по ред.
 
Натпреварот ќе биде одигран денес, со почеток во 17 часот и 45 минути во Спортскиот центар „Јане Сандански“ и ќе има хуманитарен карактер.
 
Сите собрани средства од продадените билети за денешниот натпревар, кои чинат сто денари, ќе бидат донирани за животната борба на Стеван Гешоски.
 
- Време е за дерби, време е да бидеме хумани! – е апелот од двете екипи кои ги повикуваат љубителите на кошарка во што поголем број да дојдат на натпреварот.