Македонија
16. July 2017 - 20:51

Вечерва завршува Пиво Фест во Прилеп

По изминатите три спектакуларни вечери, во Прилеп вечерва завршува најголемиот балкански фестивал на пивото и скарата – Пивофест 2017. И покрај поројниот дожд кој денеска непрекинато паѓаше повеќе од 5 часа, и кој создаде извесни краткотрајни, но и очекувани проблеми во централното градско подрачје каде се поставени штандовите, сепак, организаторите. со вечерашниот настап на Тајфата, Аѓушеви и на ѕведата на вечерта Северина, очекуваат спектакуларна завршица со масовна посетеност на Пивофест 2017.
   
Инаку, синоќа Елена Велеска, Анабела, и Харис Џиновиќ создадоа невидена атмосфера на позитивна енергија и одлично расположение кога повекеилјадната публика пееше заедно со нив до раните утрински часови.
 
На вечерашната завршница, за прв пат од 15-годишното постоење на Фестивалот ќе биде доделена и награда за најкреативната селфи фотографија , а тоа е маскотата на годинашниот Пивофест – плишаниот мајмун.