Македонија
20. August 2019 - 19:24

Вечерва завршува „Охридско лето“

Со театарската претстава Одисеј од Горан Стефановски во режија на Александар Поповски вечерва се спушта завестата на 59 тото издание на манифестацијата Охридско лето. Изминатите 40 фестивалски дена понудија 47 содржини на неколку сцени низ градот . Околу 500 уметници од 23 земји од светот, но и гости од земјава и странство допатуваа за да ја следат програмата.

„Одисеј“,претставува  мозаик составен од уметници кои патуваат, играат, настапуваат насекаде низ просторите на поранешна Југославија и низ светот.

Од Охридско лето потенцираа дека следната година фестивалот слави голем јубилеј 60 години од неговото постоење за кое најавија врвни уметници и беспрекорна организација.