Македонија
14. July 2016 - 19:36

Вечерва во Прилеп почнува ,,Пивофест‘‘

Од вечерва, па во наредните три деноноќија, градот под Марковите Кули, по 14-ти пат, ќе биде домаќин на најголемиот Фестивал на пивото и скарата “Пивофест 2016”.
 
Според организаторите, сите подготовки се завршени, а сместувачките капацитети се исполнети до максимум. Пристигнаа и првите музички гости, кои ја имаат честа да го отворат годинашниот “Пивофест 2016”, меѓу кои и светски популарната романска група “Флај проџект”.
 
Освен нив, вечерва настапуваат и: “Кроус роад блуз бенд”, реге- изведувачот Рафаел и српската група “Тропико бенд”.
 
Годинава, поставени се над 30 штандови на кои освен прочуената прилепска скара, ќе се служат и многу видови домашно и странско брендирано пиво. Македонски железници ги засилија линиите од и кон Скопје и Битола, а младите до 27 години ќе се возат бесплатно.