Loading Video...
Ф1
10. јуни 2018 - 15:16

Вечерва во Монтреал ќе се вози канадското Гранд-при

 
Вечерва од 20 часот и 10 минути во Монтреал, на патеката „Жил Вилнев“ ќе стартува седмата трка во Формула 1 шампионатот, канадското Гранд-при.
 
Возачот на Ферари, Себастијан Фетел ќе ја има пол-позицијата, додека Валтери Ботас со Ферари ќе биде веднаш зад него во првиот стартен ред.
 
Од вториот ред трката ќе ја почнат Макс Верстапен од Ред Бул и актуелниот светски шампион Луис Хамилтон со Мерцедес.
 
Третиот стартен „грид“ ќе го сочинуваат Кими Раиконен со Ферари и Даниел Рикиардо од Ред Бул
 
Во пресрет на вечерашната трка, Хамилтон е лидер во Генералниот пласман со 110 бодови, пред Фетел со 96 и Рикардо со 72. 
 
Потсетување дека сезонава само овие тројца натпреварувачи успеваа да се искачат на највисокото место на пиедесталот и тоа по два пати.