Балкан
13. November 2017 - 23:10

Вечерва вистинска зимска идила, во Сараево падна снег

Во главниот град на БиХ, Сараево вечерва падна снег, а метеоролозите прогласија „жолт“ метео аларм и предупредија на нови снежни врнежи во текот на ноќта во поголемиот дел од земјата.

Вечерва во Сараево е измерена температура од два степени Целзиусови, а за ноќва е најавено спуштање на живата во термометрите и под нулата.  

Метеоролозите предвидуваат врнежи од снег и во следните денови и формирање снежна покривка од пет до 15 сантиметри во поголемиот дел од БиХ.