Македонија
20. August 2016 - 17:23

Вечерва се затвора „Охридско лето“

Вистински музички бум на завршниот концерт од музичкиот дел на ова 56то издание на Охридско лето, за фестивалската публика приреди музичката легенда Вадим Репин кој настапи заедно со маестралниот пијанист Андреј Коробеиников.

На овој концерт, за кој се бараше место повеќе, ова извонредно дуо, со изведба на дела од Дебиси, Прокофјев, Стравински и Чајковски, ја вознесе публиката со својата виртуозна техника, како и исклучителна музичка интелегенција.

Многубројната странска и домашна публика после секое дело ги поздравуваше уметниците со бурни аплаузи и стоечки овации.

Според кажувањата на присутните ова беше вистински музички настан, концерт за паметење, а фестивалот Охридско Лето името на големиот Вадим Репин го впиша во страниците на богатата фестивалска историја.