Фудбал
31. January 2017 - 16:39

Вечерва се игра големо премиерлигашко дерби

Во рамките на  23. коло во Премиер лигата вечерва се игра дерби за врвот во кое Ливерпул го пречекува лидерот Челзи. 

Средбата се игра со почеток во 21 часот а Ливерпул на овој меч гледа шанса со победа да го намали водството на лондонскиот тим на 7 бода. 
На кикс на Челзи се надеваат Арсенал и Тотенхем кои играат против Вотфорд односно Сандерленд и планираат сигурни победи.