Македонија
9. October 2018 - 16:55

Вечерва протест против изградбата на зграда кај „Мајчин Дом“

Општина Аеродром не може да ја спречи изградбата на станбениот комплекс пред Мајчин дом, тврди градоначалникот Златко Марин. Вели дека за тоа може да интервенира единствено Уставнот суд до кого за оваа парцела веќе се поднесени 13 претставки. Според градоначалникот на Аеродром, вината за целата ситуација е на претходното раководство на општината која просторот го пренаменила во градежна парцела.

Градоначалникот на Аеродром ја отфрли можноста општината да исплати отшетата на инвестирот за тој да ја прекине изградбата. Според Марин, за тоа сопственикот на објектот во неофицијални разговори побарал од 8 до 10 милиони евра, сума за која градоначалникот вели дека со нејзина исплата ќе се блокира работата на општината во наредните четири години.

Од општина Аеродром велат дека според деталниот урбанистички план на локацијата е предвидена зграда со девет ката.

Според одобрението за градба издадено од општината на парцелата пред Мајчин дом ќе се гради станбено-деловен објект со вкупна површина од 3.500 метри квадратни.

Локалната власт во Аеродром открива дека е на страната на жителите на општината кои се против изградбата на објектот.