Вечерва пронајдени телата на патниците, нема преживеани
Шестмина патници и членови на екипажот имало во авионот марка „Пајпер“ кој попладнево беше исчезнат од радарот на Контролата на летање при скопскиот аеродром „Александар Велики“.
Полицијата потврди дека сите шестмина патници се загинати, но нивниот идентитет се уште не е утврден.
Но италијанските медиуми објавија дека се работи за четворица Италијанци и за двајца косовски државјани.
Авионот бил приватен со германски национални ознаки, од типот „Пајпер Па 34-200 Т Сенека“. Полетал од Тревизо, Италија, а крајната дестинација му била Приштина. Над Македонија требало да изврши прелет и бил пријавен на аеродромот „Александар Велики“-Скопје за дополнување гориво.
Исчезнувањето на авионот од радарот денеска попладне во 17.40 часот во МВР го пријавила Контролата на летање на скопскиот аеродром.
За оваа авионска несреќа известен е и јавен обвинител, а полициските екипите остануваат да го обезбедуваат местото на настанот.
Според официјалните информации, авионот бил пронајден урнат во Кремење, атар на село Кожле.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи