Свет
7. March 2018 - 22:42

Вечерва паника во Виена: Тројца повредени при напад со нож

Најмалку три лица се здобиле со посериозни повреди кога засега непознат маж со нож нападнал неколкумна минувачи во австрискиот главен град Виена.

Според австриските медиуми, инцидентот се случил во близина на популарниот виенски парк Пратер.

Претставник на австриската полиција соопшти дека по инцидентот напаѓачот побегнал во непознат правец и безбедносните сили тргаат по него.

Мотивите за нападот засега не се познати.