Loading Video...
Спорт плус
22. September 2018 - 11:02

Вечерва на „Вембли“ голем боксерски спектакл: Јошуа - Поветкин

 
 
Мечот кој долго се најавуваше и очекуваше, меч во кој ракавиците ќе ги вкрстат двајцата најдобри боксери во тешка категорија во светот. Меч во кој влогот се четири шампионски трофеи.
 
Актуелниот шампион Британецот, Ентони Џошуа против рускиот „бомбардер“ Александар Поветкив, вечерва на „Вембли“ во Лондон пред 80.000 гледачи ќе се борат не само за шампионските појаси, туку и за престиж. 
 
28-годишниот Џошуа кој ги брани титулите во ВБА, ВБО и ИБФ верзиите, досега е без пораз во професионалната кариера, впо која има 21 борба и исто толку победи, а дури 20 во кои успевал да ги нокаутира противниците. 
 
Британецот на прес конференцијата најави дека ќе се обиде пред време да го заврши мечот, односно да го нокаутира поветкин најдоцна до осмата рунда. 
 
Но, за тоа сигурно се прашува и силниот Русин, кој во 35-те борби досега во кариерата има само еден единствен пораз и тоа со судиска одлука кога во 2013-тата загуби од Владимир Кличлко. Во 34-те мечеви во кои триумфирал Поветкин дури 24 ги има завршено со нокаут на противникот. 
 
Аналитичарите сметаат, дека мали се шансите вечерва на „Вембли“ да има нокаут, но предупредуваат, дека доволно е само еден прецизен удар и еден од боксерите да се најде на подот. 
 
Шансата за тоа шампионот Џошуа ќе ја бара во својата сила, како и предноста во височина, додека Поветкин, можноста за нокаут на Британецот ја гледа во неговата поголема брзина, како и искуството кое го има. 
 
Кои од предвидувањата и дали тие ќе се остварат, останува да се види по мечот чиј почеток е закажан за 22 часот.