Loading Video...
Фудбал
5. March 2019 - 10:24

Вечерва ќе ги дознаеме првите четвртфиналисти во Лигата на шампионите

Во фудбалската Лига на шампиони вечерва официјално ќе ги дознаеме првите два тима кои ќе обезбедат пласман во четвртфиналната рунда. 

Во Мадрид и Дортмунд ќе се играат реванш дуелите од осминафиналето. Реал пред своите симпатизери го пречекува Ајакс со предност од 2:1 остварена на првиот меч во Амстердам. „Кралевите“ на овој меч нема да може да сметаа на својот капитен Рамос кој е суспендиран од УЕФА (два натпревари). Но, и без него Реал важи за фаворит иако младиот холандски тим на првата пресметка се покажа како „тврд орев“. 
Во Дортмунд, Борусија ќе има тешка задача бидејќи во пресметката со Тотенхем, ќе мора да надополни негатива од 0:3 по средбата во Лондон. 
 
Во тимот на „Милионерите“ се очекува меѓу стартерите да биде и Пако Алкасер кој заедно со Ројс се најдобрите стрелци на германскиот тим сезонава. Шпанецот, го пропушти првиот меч во Лондон, но беше стрелец на последниот меч на Борусија која пред четири дена загуби од Аугсбург со 2:1 во дуел од Бундес лигата. Во составот ќе го нема Полјакот, Пишчек поради повреда, а на другата страна од иста причина ќе недостасуваат Деле Али, Ерик Даер и Хери Винкс. 
 
Двата вечерашни дуели ќе започнат од 21 часот, термин во кој утревечер своите реванш средби од осминафиналето ќе ги играат Порто - Рома (1:2 прв меч) и ПСЖ-Манчестер Јунајтед (2:0 прв меч).