Loading Video...
Кошарка
12. November 2018 - 13:18

Вечерва, големо македонско дерби, МЗТ Скопје Аеродром – Работнички (20:15 часот)

Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра големото македонско кошаркарско дерби. 
 
Дуелот на вечните ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички е прв меѓусебен сезонава, откако лани во завршната финална пресметка тимот на Работнички славеше со максимални 3-0 во победи и стигна до шампионскиот трофеј. 
 
Откако вчера Гостивар на гости ја победи Блокотехна и го нанесе првиот пораз, сега само Работнички е единствениот тим кој нема пораз, односно, ги доби сите четири одиграни средби. МЗТ Скопје пак во петте дуели има еден пораз. 
 
Ќе ја искористат ли аеродромци предноста на домашниот терен и ќе му го нанесат ли првиот пораз на тимот од „градски парк“, останува да се види по одигрувањето на натпреварот чиј почеток е закажан за 20 часот и 15 минути.