Loading Video...
Свет
22. October 2020 - 16:32

Вечерва е последната дебата помеѓу Трамп и Бајден пред изборите

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва   последен пат пред изборите на 3-ти номеври ќе се соочи во дебата со својот противкандидат Џо Бајден. За де се избегне хаосот од првата, на финалната  дебата ТРамп -  Бајден ќе има  ново правило- микрофонот  ќе биде исклучен на кандидатот кој нема да има збор во одреден момент. Во трката за Белата кука, Според анкетите актуeлниот претседател заостанува зад демократскиот кандидат Џо Бајден . Дебатата треба да трае 90 минути, а темите ќе бидат –битката со  ковид-19, расизмот во Америка,  климатските промени , националната безбедност и лидерството.

Кремљ: Русија не се меша во изборите во САД

Москва ги отфрла обвинувањата што доаѓаат од Вашингтон дека Русија сака да се меша во претседателските избори во САД. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека„Обвинувањата се неосновани и неточни. Тоа е повеќе како собирање политички поени пред изборите“, рече Песков.Освен на сметка на Русија, од ФБИ  доаѓаат обвинувања дека Иран исто така сака да влијае врз исходот на претседателските избори закажани за 3 ноември. Американските разузнавачки агенции претходно изјавија дека „Иран може да се меша за да му наштети на Трамп, а Русија се обидува да му помогне на изборите“.

Во Косово за време на пауза од ручек од Државната каса исчезнаа 2, 7 милиони евра

Косово го тресе невиден скандал. На 9 октомври од Државната каса преку Електронскиот систем за финансиско управување и контрола исчезнаа 2 милиони и 77 илјади евра за само неколку часа.Приштинскиот весник Коха објави дека кражбата се случила во времето кога службениците на администрацијата имаат пауза за ручек. За кражбата е осомничен вработен во Министерството за финансии на Косово.  Во тек  е истрага за случајот.