Џет-Сет
28. August 2016 - 18:40

Вечерва доделување на МТВ Видео музичките награди

Вечерва после полноќ ќе биде одржана церемонијата на доделувањето на МТВ видео музичките награди (МТV Video Music Awards), а директниот пренос ќе биде емитуван на музичката телевизија МТВ.

Во два часот изутрина почнува забавата на црвениот килим, а самата церемонија на доделувањето на наградите почнува во три часот изутрина.

Се очекува да настапат Бијонсе, Бритни Спирс, Аријана Гранде, Ники Минаж, Ријана и други.

За видео на годината номинирани се Адел со песната Hello, Бијонсе со Formation, Џастин Бибер со Sorry, Кање Вест со Famous и Дрејк со Hotline Bling.