Живот
26. September 2017 - 12:55

Вечерала во ресторан кога нешто ја гризнало за нога: Добила силни болки, а се шокирала кога ѕирнала под масата

Во ресторанот во Фредериксбург во Тексас Рејчел Мајрик имала се, само не мирна и пријатна вечера со своето семејство. Таа во еден момент почувствувала бодеж, сличен на оној од оса, но кога погледнала под масата, имала што да види - ја грзнала змијата бакароглавка.

Змијата ја гризнала за стапалото кај малиот прст, а отровницата била долга дваесетина сантиметри. Персоналот од ресторанот веднаш повикало итна помош, а болките кои и ги предизвикал отровот на змијата, жената ги опиша како многу поболни во однос на родилните болки.

Рејчел во болница помина 5 дена, а потоа беше испратена на домашно лекувањет каде ќе остане уште три месеци.

Таа се уште размислува дали да го тужи ресторанот. Моментално прва работа и е опоравувањето од отровната змија која во Вирџинија не е така ретка појава.

Во прашање е змија отровница на која луѓето може лесно да наидат во својата околина.