Македонија
17. July 2016 - 13:28

Вечер завршува „Пивофест“ во Прилеп

Денеска е последниот ден од 14. издание на големата летна манифестција „Пивофест“ во Прилеп.
 
Организаторите, локалната самоуправа и невладината организација Центар за граѓански иницијативи денеска очекуваат рекорден број посетители, иако синоќа бројот на посетители ги надминал очекувањата. На големата бина настапија Миле Кузманоски, Рада Манојлович и балканската фолк ѕвезда Аца Лукас.
 
- Синоќа бевме пријатно изненадени од околу 100.000 посетители од цела Македонија, од Балканот, а имаше гости и од прекуокеанските земји. Во градот влегоа и пореку 20.000 возила. Ниту дождовите последните два дена не го нарушија текот на манифестацијата, вели градоначалникот Марјан Ристески.
 
Ристески претпладнето ги посети камперите во паркот на револуцијата кои традиционално организаторите ги почестуваат со кафе, чај и чорба секој фестивалски ден. Кампери има од неколку градови кои, како што велат, сакаат на поинаков, авантуристички начин да ја доживеат атмосферата на манифестацијата.
 
Вечер на завршницата од Фестивалот се очекува уште поголема посетеност на гости. На големата бина ќе настапи групата „Парни ваљак“. И годинава оргнизаторите очекуваат вкупно, во четирите фестивалски дена да има околу 300.000 посетители.