Македонија
9. November 2015 - 11:07

„Вечер“: Пациентката која била сведок неофицијално починала од стрес

Неофицијално, повредениот лекар е од Дигестивна хирургија, дигесативниот хирург Љубомир Огненовиќ , кој е повреден во ногата, но е надовр од животна опасност, а во пукотницата биле повредени уште три лица кои се нашле на местото, а пациентка која во моментот била сведок, неофицијално, починала од стрес, пишува ВЕЧЕР.
 
-Во моментов на местото на настанот има полиција, пациентите што чекаат за прегледи се вадат надвор од зградата на хируршките болници. Како што дознаваме , имало тројца напаѓачи, кои се уапсени. На клиниката владее хаос, никој не знае што точно и зошто се случило. Медицинскиот персонал и пациентите се исплашени, објави весникот.