Македонија
18. July 2019 - 10:21

Вечер на афоризми на „Струмица опен фестивал“

Во рамки на годинашното издание на „Струмица опен фестивал“ синоќа во Градскиот парк се одржа вечер на афоризми.

Пред поголем број посетитители и почитувачи на оваа категорија пишан збор своите афоризми ги читаа афористичарите Ацо Ѓоргиев, Ристо Филчевски, Љупка Цветанова, Атанас Крлевски и Ѓорги Панов, заедно со гостинката од Република Србија, Нада Караџиќ.

„Струмица опен фестивал“ почна на 9 јуни и досега се одржаа повеќе културни, забавни и спортски манифестации.

Програмата продолжува утре со музички фестивал на струмичкото корзо со настап на млади музичари и групи.