Македонија
1. January 2017 - 18:06

Веб порталот на Сител е третото најчитано информативно интернет издание

Веб порталот на Сител е третото најчитано информативно интернет издание според сертифицираните метрики на сервисот Алекса, дел од светски познатата компанија Амазон. Пред Сител се само порталите Курир и Прес24 со кои се комплетира начитаната тројка информативни веб сајтови за 2016 година.

Според Алекса, четвртото место е за Puls24 a а во топ 5 е и порталот Репортер.

На шесто место е рангиран Телеграф, по што следи Инфомакс и онлајн изданието на весникот Вечер.

Деветти е порталот а1 он, а топ десетката ја комплетира порталот Старт.

Интересено е што само едно од дузината соросви интернет изданија е меѓу првите десет, а останатите, воопшто не ги сертифицирале своите метрики.

Меѓу агрегаторите на вести, најчитано сертифицирано издание е Грид. Следи Тајм но неговите податоци немаат алекса сертификат, а топ 3 агрегаторите ги комплетира Вести.мк.

Во годината што измина, за одбележување е менувањето на навиките на македонските читатели, односно начинот на кој тие им пристапуваат на веб порталите. Ако во 2015 година, околу 50% од читателите вестите ги читаа преку мобилни уреди, денеска над 70% вести читаат преку својот мобиле телефон или таблет.