Македонија
17. March 2019 - 16:35

В.д. градоначалникот на Охрид бара институциите да го испитаат целиот случај со реконструкцијата на џамијата

Доколку на Али пашината џамија се одвиваат некакви незаконски градежни дејствија надлежните органи треба да постапат и да ја увидат состојбата во однос на целата документација смета в.д.градоначалникот Георгиески.

Тој потенцира дека час поскоро овој проблем мора да се реши  бидејќи станува збор за сензитивна тема односно верски објект од културно значење заштитен од државата.

В.д. градоначалникот на Охрид Константин Герогиески остварил засебни средби со муфтиството и здружението Совест на која разговарале во однос на изградбата на џамијата и нивините спротиставени размислувања.

Од Здружението на граѓани Совест пак најави дека ќе организира масовен протест доколку надлежните органи и служби до утре не се произнесат за проблемот.

Инаку по најавите за протест и граѓанска непослушност од страна на Совест против нелегалната изградба на Али пашината џамија на социјалната мрежа Фејзбук врие од коментари.Висината на минарето ги потпали меѓуверските односи .