Македонија
25. August 2021 - 10:04

Вчера се аплицирани 14.554 вакцини, досега ревакцинирани 507.443 граѓани

До вчера се вакцинирани вкупно 685.775 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.688 граѓани, а вкупно се вакцинирале 14.554 граѓани.Во државата вкупно се аплицирани 1.193.218 дози вакцини, а ревакцинирани се 507.443 граѓани, информираат од Министерството за здравство, додавајќи дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Со последните бројки 70 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, тој процент кај оние над 65 години е 68, кај лицата над 60 години е 65, а кај населението над 50 години процентот на вакцинирани со барем една доза е 56.

Од Министерството соопштуваат дека граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

-Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, велат од Министерството за здравство.