Живот
6. November 2017 - 11:13

Вчера на небо блескаше полна месечина, денеска направете го ова и ќе се збогатите

На небото вчера блескаше полна месечина, а денеска треба да направите нешто за да се збогатите. Се што треба да направите денеска е да земете лист, пенкало, тегла со капаче и седум метални парички, како и ловоров лист.

Напишете на лист колку пари ви се потребни, па листот ставете го во тегла во која ќе го ставите и ловоровиот лист. Потоа, во десната рака земете седум монети кои полека ќе ги спуштате во теглата.

“Дукати сјаат, дукати ѕвонат, се повеќе и повеќе ги има во моите раце. Ги добивам од секаде, дури и од таму од каде што не ги чекам. Моето богатство се зголемува, постојано расте”, е она што треба да го кажете потоа.
Потоа, теглата поклопете ја и ставете ја некаде далеку од очите на домашните.