Вчера аплицирани 12.994 вакцини
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 321.815 граѓани, а преку vakcinacija.mk. досега за вакцинирање се пријавиле 469.212 граѓани.
Прва доза вакцина вчера примиле 11.220 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.994 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 542.699 дози вакцини, а ревакцинирани се 220.884 граѓани.
-Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, велат од Министерството за здравство.
Со последните бројки, 52 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49 проценти од жителите над 65 години се вакцинирани со барем една доза вакцина и 43 отсто од граѓаните над 60 години примиле барем една доза вакцина.
-Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп, соопштуваат од министерството.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп