Македонија
1. February 2017 - 12:03

Важно за возачите: Затворен граничниот премин Евзони

Грчките земјоделци ќе го блокираат граничниот премин Евзони најмалку до 18 часот попладне.

Ова го јавија повеќе грчки медиуми повикувајќи се на информации од организаторите на протестите на земјоделците.

Грчките фармери во текот на денот ќе одлучат каде и колку ќе блокираат автопати низ земјата и гранични премини. Сите одлуки ќе се донесуваат тековно и засега нема утврден распоред на блокади.