Македонија
18. јуни 2017 - 13:49

Важно за возачите, утре ќе биде затворен целосно овој патен правец

- Јавното претпријатие „Македонија пат“ соопшти дека утре од 13 до 17 часот во прекин ќе биде сообраќајот на патот Маврово - Дебар на потегот од село Рајчица до Дебар.

Причина за прекинот е изведување на градежни активности, односно асфалтирање на овој дел од патот.