Македонија
28. јуни 2017 - 8:30

Важно за возачите, од денеска се затвора овој патен правец

На патниот правец Р1202 Маврово – Дебар на делот од с.Рајчица – Дебар на 28.06.2017 (среда) поради изведување градежни работи (асфалтирање) во период од 13.00 ч до 17.00 ч сообраќајот ќе биде во целосен прекин во двата правци. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози.

На патниот правец Неготино –Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово, ќе се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -  Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.