Македонија
18. July 2017 - 21:53

Важно известување за жителите на Центар

Без вода утре од 8 часот ќе останат корисниците од улиците „Орце Николов“, Костурски Херои „Ѓорѓиа Пулески“ и Министерство за Одбрана во Општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот е поради изведување на водоводен приклучок од Ф-100 мм на улицата. „Орце Николов“ број 137 во населба Центар, а корисниците без вода ќе бидат до завршување на изведбата на приклучокот.