-->
-->
Важна победа на македонските ракометари против Исланд
-->
Македонската ракометна репрезентација забележа победа над Исланд во првиот од двата дуели во квалификациите за Европското првенство во Хрватска што ќе се одржи следната година.
На средбата од 3.коло во квалификациската група 4, одигран вечерва во преполната арена на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, репрезентацијата на Македонија го победи Исланд со 30-25 полувреме 15-13..
Најефикасен во редовите на црвено-жолтите беше капитенот Кирил Лазаров со 11 постигнати голови, додека Филип Талевски постигна 5, а Стојанче Стоилов и Филип амиркуловски по 4 гола.
Со новите бодови Македонија се проби на првото место на табелата со вкупно четири бода, колку што има и второ пласираната Украина која вчера ја победи Чешка со 26-23. Селекциите на Исланд и Чешка досега освоија по два бода.
Веќе претстојниот викенд ќе се играат средбите од 4.коло, и тоа, во сабота дуелот Чешка – Украина, додека натпреварот Исланд – Македонија е во недела од 19 часот и 45минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот