Loading Video...
Балкан
2. December 2021 - 12:23

Ваучер од по 500 евра за лицата над 60 години кои ќе се вакцинираат во Словачка

Словачка ќе ги наградува лицата постари од 60 години со ваучер од 500 евра доколку се вакцинираат против коронавирусот, соопшти министерот за финансии на таа земја Игор Матовиќ. Овој ваучер во вредност од 500 евра може да се користи во кафеани, кафулиња, ресторани, хотели или за купување билети за спорт, театар, кино, изложби или концерти.    

Во оваа земја со 5,5 милиони жители  досега целосно се вакцинирани само 46,1 % од граѓаните.

Предлог законот сега ќе оди на гласање во парламентот, а за усвојување на овој план ќе биде потребна поддршка од опозицијата. Според првичните проценки за оваа намена би биле потрошени околу 500 милиони евра.

Словачка минатиот четврток влезе во двонеделна блокада која важи низ целата земја бидејќи инфекциите со коронавирусот достигнаа рекорни нивоа.