Ватикан привремено отстрани индиски бискуп обвинет за силување монахиња
Ватикан го прифати барањето на бискуп од Индија да биде привремено ослободен од своите свештенички должности, откако полицијата го испрашува втор ден по обвинение дека силувал калуѓерка.
Кардиналот Освалд Грасиас, претседател на конференцијата на католичките бискупи на Индија, изјави дека папата Франциксо го добил барањето на бискупот да биде привремено ослободен од свештеничките обврски.
Монахиња од јужната индиска држава Керала го обвини бискупот Франко Мулакал, кој раководи со бискупијата во Џаландхар дека ја силувал во неколку наврати во текот на две години.
Против бискупот не се покренати обвиненија. Тој ги негира исказите на монахињата и вели дека сака да го заштити своето име. Бискупот побара од Ватикан привремено да се повлече, во време кога се повеќе растат повиците за негово апсење.
- Земајќи ги предвид сите околности, Светиот Отец го прифати неговото барање, велат од Ватикан.
Христијанската заедница, која брои 19 проценти од населението на државата, е потресена од пад на доверба, поврзана со зголемувањето на случаите на сексуални напади во кои учествуваат црковни лица.
Католичката црква се соочува со глобална криза поврзана со сексуалното вознемирување на свештеници врз малолетници.
Ново на Сител
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец