Ватикан ќе ги прогласи за светци папата Павле Шести и надбискупот Ромеро
Папата Франциско денеска ќе ги прогласи за светци двете „најважни и најоспорувани личности“ на Католичката црква во 20 век - папата Павле Шести и салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро.
Павле Шести е познат по тоа што, откако стана папа во 60-тите години на минатиот век, го воведе служењето литургија на национален, наместо на латински јазик, а со тоа ги зајакна односите со луѓето од други вери и ја воведе практиката папите да патуваат по светот.
Во 1968 година го потврди противењето на Ватикан за контрацепција со што ги зајакна конзервативните, а ги оддалечи напредните сили во Римокатоличката црква.
Надбискупот Оскар Ромеро е познат по тоа што остана покрај народот во Салвадор и ги осудуваше сиромаштијата, неправдата, убиствата и малтретирањата. Во 1980 година е убиен за време на миса во болничка капела.
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228