Свет
22. јуни 2017 - 12:44

Ватикан е загрижен, егзорцистите сакаат смрт на папата Франциско

Јутарњи лист - Загреб

Мистериозниот култ на католички егзорцисти, кои наводно работат на тоа папата Франциско да исчезне, го потресе Ватикан, бидејќи тие не го сакаат и сакаат нов поглавар на Римокатоличката црква. 

Тие не го сакаат папата Франциско, бидејќи сметаат дека тој се обидува да на модернизира Црквата. Затоа сакаат дури и негова смрт која „ја договараат” со ѓаволот. 

Плинио Кореа де Оливиера е починат лидер на ултра десната организација „Традиција, семејство и имот”, која делува во Рим, но тоа што тој починал не значи дека неговите следбеници не продолжиле со своите верувања.

Де Оливиера во Рим дошол во 60-те години да протестира против свикување на Втор ватикански собор, со кој почнаа ерата за обид на Католичката црква да се модернизира.

Тој уште тогаш зборувал дека тоа е „момент во историјата кој е тажен како тој кога умрел Исус” и почнал пропаганда со слични ставови.

Зад него наводно останал култ на следбеници, католички егзорцисти во Бразил, кои преку посебни канали го контактираат и почитуваат.

Самиот Оливеира бил во пакт со ѓаволот. Така барем веруваат неговите следбеници, кои тврдат дека нивниот починат водач влијае на работите како на климатските промени, но и дека работи на тоа да умре папата Франциско.

За ова пишува и Андреа Торниели на блогот Ватикан Инсајдер, а објавил и повеќе колумни за овој култ на егзорцисти и нивните верувања.

Тој тврди дека култот верува дека Католичката црква би добила поконзервативен водач ако го отстранат сегашниот папа.

По смртта на Оливеира во 1995 година, култот се поделил во две групи. 
Првата е таа која се надева на смрт на папата Франциско и генерално е против неговиот начин на водење на Црквата, а ги поддржува и група американски кардинали.

Втората група е позната како „Heralds of the Gospel” која ја основал монсињор Јоџио Скоњамиљо Диас и претставуваат култ на обожување. 
Диас бил водач на егзорцистите кои во тајност практикуваат бизарни обичаи во кои се обидуваат да комуницираат со ѓаволот, но неодамна поднел оставка, предупредува Торнели.

Тоа го прават така наместо да истеруваат ѓаволи од луѓето како егзорцисти, тие се обидуваат да повикуваат луѓе и преку нив да можат да стапат во контакт со него.

Ваквиот начин на почитување на ѓаволот станал проблем за Црквата, која покрена истрага за овој култ, посебно бидејќи наводите за тоа дека сакаат да го отстранат папата Франциско претставуваат безбедносна закана.