Спорт плус
27. July 2017 - 9:08

Ватерполо СП - жени: Во финалето ќе играат САД и Шпанија

Репрезентациите на САД и на Шпанија ќе играат во финалето на Светското првенство во ватерполо за жени откако синоќа во полуфиналните дуели постигнаа победи. САД ја победи селекцијата на Русија со 14:9, додека Шпанија беше подобра од Канада со 12:10.
Финалето се игра во петок вечер.
Вечерва на програмата на СП во ватерполо се машките полуфинални дуели: Унгарија – Грција и Србија – Хрватска.