Спорт плус
1. August 2021 - 9:00

Ватерполисти под истрага за консумирање алкохол во Олимпиското село

Олимпискиот организациски комитет во Токио истражува случај на пиење алкохол од спортисти во Олимпиското село.

– На 31 јули, имаше случај со пиење алкохол од ватерполисти во Олимпиското село. Истрага е спроведена по ова прашање, објави генералниот директор на организацискиот  комитет Тоширо Муто.

Во кој тим е забележан овој случај не е наведено.

Претходно, Организацискиот одбор на Олимпијадата ја укина акредитацијата на две грузиски џудисти, кои доброволно ја напуштија територијата на Олимпиското село за да ги посетат знаменитостите на главниот град на Јапонија.