Македонија
12. January 2018 - 14:48

Васко Ковачевски официјално стана директор на РЕК-Битола

Управниот одбор на АД ,,Електрани на Македонија” го назначи Васко Ковачевски за директор на РЕК-Битола, соопштина од Електрани на Македонија.

„Менаџментот на АД ЕЛЕМ смета дека Ковачевски, заедно со новиот раководен тим кој е поставен, ќе одговори на предизвиците со кои се соочува најголемиот комбинат за производство на електрична енергија во државата и дека неговото познавање на состојбите во РЕК-Битола ќе помогне во консолидирањето на овој значаен производствен капацитет, во насока на постигнување поголема стабилност и сигурност на електро-енергетскиот систем на Р.Македонија во периодот што следува“, стои во соопштението на ЕЛЕМ.