Васко Ковачевски недостапен за полицијата, во септември ја напуштил државата
Васко Ковачевски, екс директор на ЕСМ и други тројца осомничени за тежок криминал во РЕК Битолa се недостапни за власта. Меѓу нив е и екс директорот Стефанов. Според изворите, Ковачевски уште од септември ја напуштил Македонија.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија само дека во тек е акција, но повеќе детали најавуваат за подоцна.
-Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата ќе ја известиме јавноста, велат од МВР.
Според првичните информации уапсени се голем број на физички лица, а опфатени се и неколку правни лица од повеќе градови. Покрај Ковачевски, осомничен за кривичното дело Несовесно работење во службата, е и Васко Стефанов, кој го наследи Ковачевски на позицијата генерелен директор на ЕСМ.
Со акцијата е опфатен и Пеце Матевски од Битола, поранешен директор на РЕК Битола. Стефанов и Матевски се осомничени дека помогнале да се злоупотреби постапка за јавен повик, како членови на злосторничко здружение.
Комерцијалниот директор на ЕСМ, Ардијан Муча, пак, е осомничен за кривичното дело Злоупотреба на службена положба.
Ново на Сител
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава